Monday, February 27, 2017

времеплов



                                                                Времеплов




   Ова  е една  од најубавите лектирни дела за осмо одделение. Во неа се работи за еден научник Времепловец кој со својата временска машина почнува да патува низ времето. Тој отишол во 802701 -та година каде што се запознал со Елоите и Морлоците.  
  Елоитее се едни мали суштества кои се глупави, незаинтересирани, смотани но сепак тие се дружељубиви, а нивна основна храна било овошјето. Но од друга страна тука се Морлоците кои се паметни, брзи, снаодливи, но нивна лоша страна е дека се месојадци поточно се хранеле со Елоите .  
  Тука во овие 12 глави се сретнуваат многу различни ликови со различни карактери. Најзастапени се Времепловецот, Морлоците,Елоите и Вина. Вина  е едена од Елоите. Таа како и сите други е наивна, глупава, неснаодлива. Но таа му е добра пријателка на  Времепловецот и ке му помогне во потрагата по украдената временска машина.
  Кога ќе избие големиот пожар Времепловецот  ке ја загуби својата пријателка Вина ама тој ке се врати жив и здрав. Но тој нема да ја заборави Вина и ке ги понесе со себе розите што му ги падарила таа. По враќањето Времепловецот ќе замине на уште едно 3 годишно патување.
Иако на почетокот на книгата Времепловецот го раскажал своето временско патување на пријателите а тие не му верувале, на крајот еден од нив ке се увери во вистинитоста на неговите зборови и ќе го чека да се врати од неговото ново патување.