Friday, June 1, 2018
галебот џонатан ливинкстон
Галебот Џонатан Ливинкстон
Галебот Џонатан Ливинстон не бил како другите галеби. Тој бил бунтовник и не се грижел за другите галеби. И додека родителите го молеле да биде како другите галеби и да се грижи за тоа како да дојде до храна, тој само сакал да стане летечки виртуоз. Бил слаб, но летањето го сакал повеќе од храната. Ни помалите несреќи кои ги имал во воздухот не го поколебале. Со напорни вежби успеал да постигне брзина од 396 километри на час. Тоа бил рекорд во јатото и Џонатан очекувал пофалби од Старешината. Меѓутоа, Старешината го прекорил и го истерал од јатото. Но, Џонатан бил уверен дека следува повисока цел во животот. Бил протеран на високите тврдини, но тој одлетал подалеку. Го болело тоа што неговите браќа не сакале ниту да слушнат ниту да видат што научил.Протераниот Џонатан станува отпадник, но никако не се откажува од својот сон. Неговата желба е уште поцврста. Да се достигне совршенството, да се совлада летањето, да се биде слободен. Неговата техника на летање постојано се усовршува. Веќе не му се потребни бродовите за да преживее. Знае сам како да лови риба. Се вивнува во небесата, а потоа нурнува во водата и лови риба и на поголема длабочина. И не само тоа. Учи и повеќе, учи да спие и да се одмара додека лета. Да прелетува големи далечини со леснотија, да јава на силните ветрови. Учи да се пробива низ маглата и да се издигнува над тешките облаци, да биде горе, кај сонцето, додека останатите галеби во тие услови воопшто не би се одделиле од земјата и само би зјапале во небото. А потоа, една ноќ на Џонатан му се приближиле други два галеба кои биле сјајни како ѕвездите. Тие без никаков проблем ги изведувале сите акробации што Џонатан им ги задавал. Кога увидол дека нашол галеби рамни на него, Џонатан ги прашал кои се тие. Тие му одговориле дека се негови браќа и дека го носат дома, во неговиот вистински дом. Џонатан бил спремен и тогаш трите галеби исчезнале во темното небо. Џонатан сè полесно ги изведувал своите акробации, телото му станало посветло, а очите посјајни. Открил дека може да лета со брзина од 500 километри на час. Но, потоа неочекувано двата галеби исчезнале. Џонатан слетал на крајбрежјето каде го чекале десетици други галеби. Набрзо сфатил дека дошол во заедница во која на сите им било важно да ја доведат својата техника на летање до совршенство. За инструктор го добил галебот Саливан. Една вечер од старешината Ганг дознал дека небото не е одредено ниту со времето ниту со местото туку дека тоа е совршено и може да биде било каде и било кога. Дознал дека и со силата на мислите може да се стигне било каде. Џонатан напорно ја вежбал таа вештина и со старешината Ганг дошол на некоја чудна планета. Требало само уште да научи да ја контролира новостекнатата вештина. Но, една вечер Ганг исчезнал, умрел.
Џонатан се повеќе размислувал за Земјата. Саливан го убедувал да остане, но Џонатан сепак заминал. На небото можел да се врати секој момент, бидејќи ги совладал и времето и просторот. Отишол на Земјата, бидејќи сакал да ги научи да летаат и другите галеби кои биле протерани како него поради летањето. Прв ученик му бил галебот Флечер Линд, млад галеб кој тежнеел кон летачкото совршенство. А Џонатан во тоа време бил најубавиот и најсовршениот галеб на светот. Наскоро добил уште шест нови ученици и со нив и со Флечер сакал да се покаже пред своето старо јато. На почетокот бил одбиван, но по некое време илјадници галеби се собирале околу него и сакале да станат како него. Еден ден Флечер доживеал несреќа. Со голема брзина удрил во некоја карпа и ништо не му било. Џонатан тогаш забележал дека Флечер завладеал со снагата на своите мисли и му го препуштил подучуванњето на другите галеби, а тој отишол кај други јата.
Флечер сфатил дека не постојат граници, дека сè е можно. Тогаш започнал неговиот лов на Џонатан, за отелотворување на совршенството и неговата трка со знаењето. Во таа трка не можел да победи бидејќи знаењето нема граници.
Monday, May 21, 2018
Антигона
„Антигона“ е драма која опоменува на опасноста од тврдоглавото самоволие, но и драма која ја воспева силата на жената „што посега по подвиг којшто не е во силите на женската природа“. Во таа смисла, Антигона често се опишува како „идеален образ на Гркинка“ и „еден од најпрекрасните ликови во светската поезија“. Во секој случај, таа е првиот голем женски лик во светската книжевност. Всушност, таа е надвор од дотогашната грчка традиција, бидејќи таа е голема по дух и се одликува со огромна истрајност и волја и станува против тиранијата, бранејќи ги законите на хуманоста. Нејзината мисла и готовноста да се жртвува добиваат монументална димензија. На тој начин, до ден-денес Антигона ја доживуваме како универзален херој кој дава отпор пред насилството.[4]
Чорбаџи Теодос
Чорбаџи Теодос
Анализа на лик
Стојанка
Анализа на лик
Стојанка
Чорбаџи Теодос“ е дело на Васил Иљоски, кое е исполнето со разни ликови. Некои од нив се тажни, некои се среќни, но има и заљубени. Во заљубените спаѓа Стојанка која сега ќе ја опишам.
Стојанка е круто девојче, која не потекнува од толку угледна фамилија, според чорбаџијата Теодос. Стојанка е заљубена во Томче и таа се ќе направи за него, но таа е нестрплива. Тие имаат забранета љубов и неможат да се земат. Томче го моли својот татко, но тој не дозволува и едноставно му се смее во лице, Стојанка е нестрплива и цело време го уценува Томче, дека ќе дојдат да ја земат други. Стојанка, покрај тоа е искрено девојче и е многу фина, затоа Томче смета дека таа единствена за него и совршена жена. Стојанка, за жал, од страна на Теодос и Арсо е видена како валкана, нечесна жена со “црно под своите нокти“. Но покрај лошите зорови од страна на семејството на Томче, тие успеваат да се земат поради кумството со ромите.
Јас сметам дека Стојанка, покрај мислењата дека е сиромашна и валкана, е добра и чесна и права жена за Томче. Теодос не треба да ги осудува и дели луѓето на сиромашни и богати, дека некогаш и богатите се валкани, ама во својата душа.
Стојанка е круто девојче, која не потекнува од толку угледна фамилија, според чорбаџијата Теодос. Стојанка е заљубена во Томче и таа се ќе направи за него, но таа е нестрплива. Тие имаат забранета љубов и неможат да се земат. Томче го моли својот татко, но тој не дозволува и едноставно му се смее во лице, Стојанка е нестрплива и цело време го уценува Томче, дека ќе дојдат да ја земат други. Стојанка, покрај тоа е искрено девојче и е многу фина, затоа Томче смета дека таа единствена за него и совршена жена. Стојанка, за жал, од страна на Теодос и Арсо е видена како валкана, нечесна жена со “црно под своите нокти“. Но покрај лошите зорови од страна на семејството на Томче, тие успеваат да се земат поради кумството со ромите.
Јас сметам дека Стојанка, покрај мислењата дека е сиромашна и валкана, е добра и чесна и права жена за Томче. Теодос не треба да ги осудува и дели луѓето на сиромашни и богати, дека некогаш и богатите се валкани, ама во својата душа.
Wednesday, March 21, 2018
Вујко Вања
Вујко Вања
Во драмата „Вујко
Вања“ од А. П. Чехов е претставена случка од секојдневието на село во Русија,
која ги менува животите на ликовите. Тие стануваат разочарани со мислењето дека
цел живот залудно го потрошиле на имотот на професорот Серебрјаков, кој
размислува да го продаде.
Астров е еден од ликовите во
ова дело кој всушност претставува млад одраз на Серебрјаков, тој е образован
човек полн со нови идеи. Тој е релативно убав средногодишен човек кој бил
оттргнат од младоста во раниот период од својот живот. Во младоста се навраќа
со ликот на Елена, која претставува негова љубовна интерес. Тој е несреќен и
уморен од неговата професија како единствениот доктор во селото и постојано е
повикуван за работа, а неговата утеха често ја бара во алкохолот.
Овој лик е напреден за своето
време бидејќи покажува интерес во екологијата, со долги говори за способноста
на човекот да создаде, а не способноста да уништи. Неговиот карактер и теории
се издигнати до совршенство од страна на Соња, која во голема мера му се
восхитува. Авторот Чехов преку Астров
вметнува дел од неговите карактеристики и идеологии. Тој ја цени убавината во
нештата како природата и убавината на Елена
Прва љубов
Прва љубов
Владимир Петрович е 16-годишно момче кое во 1833 год. оди со неговото семејство во Нескучи. Таму се запознава со својата соседка, 21-годишната кнегињицата Зинаида, во која се заљубува. Таа има неколу додворувачи на ои Владимир им се придружува во нивните залудни напори да ја придобијат младата дама. Момчето открива дека вистинскиот објект на љубовта на Зинаида е всушност неговиот татко.
Сценарио
(Точно осум часот. Тесно и извалкано претсобје на малечка куќа кое се поврзува со салон-мала просторија со стол во средината.)
Стариот слуга: (Намуртено гледа во Владимир и мрзелива станува од клупа)
Владимир: (Отвара вратата од салонот и влегува)
Зинаида: (Стои на столот во салонот и во рака држи машка шапка, опкружена со петмина мажи. Погледнува кон Владимир) Застанете, застанете, нов гостин, и нему треба да му дадеме карта (сконува од столот и го грабна ракавот од палтото на Владимир) Ајдете, што стоите? М’сје дозволете ми да ве запознаам: ова е м’сје Волдемар, синот на нашиот сосед. А ова, (се врти кон Владимир и му ги покажува гостите) се грофот Малевски, лекарот Лушин, поетот Мајданов, капетанот во оставка Нирмацки и Беловзоров. Грофе, напишете му на мсје Волдемар карта.
Грофот Малевски: Тоа не е право. Тие не играле со нас фота.
Беловзоров: Не е праведно.
Зинаида: Напишете карта, ви велам. Каков е овој бунт? Мсје Волдемар со нас е првпат и денеска за него законите не важат. Немојте да мрморите, пишувајте, јас така сакам.
Грофот Малевски: (Зема перо, откинува парче хартија и почнува да пишува)
Лушин: Дозволете ми барем толку, да му објаснам на мсје Волдемар во што се состои работата зашто тој сосем се збрка. Гледате ли, момче, ние играме фота. Кнегињицата ќе ја извлече казната, и оној што ќе има среќа да ја извлече картата, има право да и ја бакне раката. Дали ме разбравте што ви реков?
Владимир: (Го погледнува Лушин)
Зинеида: Мајданов, вие како поет,треба да бидете великодушен и својот билет да му го отстапите на мсје Волдемар, така што тој да има две шанси на среќа, наместо една.
Маданов: (Одмавнува со главата во знак на несогласување)
Бескрајна приказна
Бескрајна приказна
„Бескрајна приказна“ е најпознатиот роман од германскиот писател Михаел Енде. Главна тема е делот на фантазијата и имагинацијата во измислениот, но и во реалниот свет.
Со експозицијата се запознаваме со главниот лик Бастијан Балтазар Бак. Тој е момче кое омилен начин на кој сака да го помине времето е читајќи книги. Еден ден додека бега од деца кои често го омаловажуваат, наидува на една антикварница. Сопственикот на антикварницата читал книга во која Бастијан е заинтересиран. Неговата љубопитност се зголемува кога сопственикот му кажува дека таа е несоодветна за деца, а момчето решава да ја позајми.
Заплетот го претставува судирот, проблемот во делото. Во ова, заплетот започнува со запознавањето со Артеј, јунакот од позајмената книга, кој за задача имал да го најде лекот за Детската Кралица. Тука настануваат сите препреки и искушенија во неговата потрага по лекот.
Кулминацијата е највозбудливиот дел од едно дело. Тој дел настанува со доаѓањето на Артеј и Бајтијан очи во очи. Со ова светот на Фантазија се поврзува со Земјата. Бастијан е сосема зачуден и збунет со овој настан.
Пресвртот се случува во перипетијата. Тука преку разговорот на Артеј со злобниот волк Морг, дознаваме за плановите како Ништото сака да ја уништи Фантазија. Дознаваме дека единствениот начин е само кога луѓето од Земјата ќе ја изгубат имагинацијата, надежта и сништата, со што световите повторно се поврзуваат.
Решавањето на проблемот, заплетот настанува во расплетот. Тогаш Артеј разочаран од неуспешната мисија се враќа во палатата на Кралицата. Таа го убедува дека мисијата е всушност успешна со тоа што тој го обезбедил присуството на Бастијан, кој е единствениот кој може да ја спаси Фантазија со давање на ново има на Кралицата. Момчето и го дава новото име Месечево дете и ја спасува Фантазија.
Шагринска кожа
Шагринска кожа
Романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак ја раскажува приказната за млад човек- Рафаело, кој во момент на очај наоѓа необична шагринска кожа. Таа ги исполнува неговите желби, но, со секоја исполнета желба кожата се намалува заедно со животниот тек на човекот. Настаните се сместени во Париз за време на 19-отвек.
Рафаело е динамичен лик, кој е жртва на деструктивното влијание на општеството и богатството. Ако Рафаел се оженил со Паулина додека сѐ уште е сиромашна, можеби живееле заедно долго време. Наместо тоа, тој ја следи Фоедора, симбол на социјална измама, и е принуден да ја земе кожата.
Заслепен од луксузот на буржоазијата тој станува несвесен за своите постапки и како луѓето го гледаат. Рафаел станува арогантен, неговите пријатели го искористуваат поради неговото богатство
Овој лик е комплексен, кој ги променува своите мислења од потребата да се докаже пред луѓето околу себе. Тој тоа го прави преку немилосрдно самозадоволување, станува алчен и арогантен. На крајот од романот тој учи дека мора да се плати за сè во животот. Тој има кратка одмена кога ќе се ожени со ќерката на својата поранешна газдарица, Паулина, но смртта бзро се приближува.
Во оваа книга е прикажана алчноста на луѓето да им се остварат сите желби без никаков напор, но човек без желби не постои.
Subscribe to:
Posts (Atom)