Sunday, November 19, 2017

Повикот на дивината

Повикот на дивината



          Повикот на дивината е лектирно дело кое напишано од Џек Лондон. Во неа се рабори за животот на едно куче Бак и карактерна измена.
          Бак се раѓа како мало кутре кое живее во оранжерието на судијата,но тој таму живее со многу луѓе кои го почитуваат и сакаат но секако тамо Бак и имаше многу позитивен карактер, мирен,паметен,добар така го гледаа и луѓето и животнте.Но кога Бак бил украден и однесен на северниот пол многу од работите се цмениле, Бак за да се одбрани од другите морал да покаже акресивност тука настанува многу голема промена на  карактерот наликот на Бак.после ова веќе ликот на Бак го гледаме како куче кое знае да се одбрани и знае да показе милост сптема тие што го ценат. Може многу од ликовите нема да ја заприметат таа промена кај Бак бидејки ти не го знаат бак како мало кученце, но сепак ие мозе да приметат и добро во него.
           Секој лик од некој роман,сказзна,приказна,цртан дали ликот е измислен или не е дали е живот или е цовек мозе да ни укаже на тоа како може да биде животот.

Monday, November 6, 2017

Панонски легенди






                                                               Панонски легенди 





   Панонски легенди е црковно словенска литература која се состои од двете житија на Кирил и Методија. таа се случува во IX век.
 Кирил е еден од луѓето кои ја напишале глаголицата. Тој ја напишал со помош на брат му Методија тој е роден во IX век, а на во градот Солун. Како сите што знаеме Кирил е свештенек кој ја  имал за цел Моравската мисија тоест тоа било описменување на словенскиот народ.
 Методија м е брат на Кирил и тој е најстариот брат во семејството. Тој е роден во Солун во IX век. тој исто како и брата му ја имал за цел моравската мислија само што тој уцел за да биде војник по стапките на татко му.
 Книгата е житието на двајцата цетси и тоа што ние може да го науциме од многу паметни луѓе е тоа.

Sunday, October 15, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите на моја возраст?

Мартин Лутер Кинг рекол дека секое време е најдоброто време за да се направат вистинските работи.Јас апсолутно се соглсувам со тоа а воедно тоа е и девизата на мојот живот.Секое време од историјата на човекот има свои предности а и свои последици. Крајот на XIX и почетокот на XX век бил период на развој на индустријата и акцентот бил ставен на развојот на многу индустрии: тешката, автомобилската и т.н.Крајот на XX  век доаѓа до развој на информатичката технологија, а 21 век е век на информациите.Благодарение на информатичката технологија ние денес доаѓаме до информации многу лесно.
          Но новата технологија едноставно е примамлива за нас децата од најразлична возраст.Не се секогаш само компјутерските игри се  во прашање,  chat-овите, или пак долгите телефонски разговори. Новата технологија е таа која ни овозмозува да дознаеме нови информации во секое време, ни овозмозува да бидеме неколку чекори пред нашите врсници во времето на нашите родители.Потоа тука се познанствата со деца од други држави, поделбата на нашите искуства со искуствата на децата од останатиот дел од светот.
           Свесноста на децата за спортот исто така сега е многу поголема, се повеќе деца се членови на разновидни спортски клубови. Дури може да се каже дека и интернетот и телевизијата имаат голем удел во тоа.Ние како деце секогас сакаме да се поистоветуваме со нашите идоли кои сме ги гледале на телевизија или пак на youtube. Сега секое дете може да се пронајде во било кој спорт за разлика од порано кога децата имале помалку информации за тоа кои се спортови ги има во светот.
         Тука сакам да ја вклучам и науката. Откритијата се побрзо се шират преку интернетот и се достапни до сите деца во било кој дел од денот.Дури има и видеа на интернет како да се направи некој експеримент или пак од каде да се набави некоја состојка која ни треба а ја нема  во нашата држава.

Како поминуваат времинјата доага до подобири и понови поинтереснии работи, повеќе сознанија и до се поголеми откритија.Многу е битно да сите ние бидеме свесни и благодарни за времето во кое што живееме

Сердарот-Глигор Прличев

    


                                                             Сердарот



 ,,Сердарот’’ е поема напишана од Глигор Прличев. Во  „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век во западна Македонија, односно  регионот помеѓу Галичник, Река  и селото Стан.
     Кузман е загинат уште на почетокот на поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањето на другите ликови, ретроспективно преку навраќања. Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите . Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта на девојката Марија со која сакал да го мине остатокот од животот и да основа семејство, но секако неговата смрт не го дозволила тоа. Кузман е сердарот на Река. Тој е јунакот кој се борел со разбојничките банди кои ја напаѓале Река.Тој е горд што е син на сердар.Cо тоа ги мотивира своите соборци за тоа како треба да се борат. Кузман е последниот заштитник на Река пред наездата на Албанците и спремен е на се само за да ја изврши својата задача. Го сака својот народ и спремен е да го даде својот живот. Во битките ја покажал својата храброст.Тој бил силен и горд, тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу половина, меч кој го сонувал додека бил дете, меч со кој победувал во битките. Иако знаел дека четата му е малубројна тоа не го спречило да го даде максимумот од себе. Величественоста на оваа поема е тоа што од устата на непријателот - Арнаутите ја дознаваме вистината за смртта и тие се оние кои доблесно и искрено се поклонуваат првин пред Кузман, а потоа и пред неговата мајка Неда ѝ ја признаваат големата загуба што ја снашло и сите останати со смртта на нивниот Сердар.Секако секој цовек има нешто сто за другите е лошо, според мене тоа е што тој убивал лиѓе геги кој навистина биле невини.
      Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра – гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата – да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка. Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит. Тажачката на Неда го прикажува Кузман од сосема поинаков аспект. Најпрвин е прикажано капењето на мртовецот и тоа како еден вид ритуал, а потоа Неда раскажува за судбината на Кузмановото семејство која се повторува со од колено на колено. Кузман ја има истата судбина како и својот татко, кој убиен од непријателот го остава својот син сирак уште многу мал, така што сè што Кузман знае за својот татко е од раскажувањето на неговата мајка. Затоа, ги заменува детските игри со сабјата и со мечовите барајќи одмазда. Штом пораснал, заминал да го брани својот народ и да го замени татко си кој исто така бил сердар. Неда го оплакува сина си кој не дочекал да ја доживее семејната среќа со својата свршеница, а со то пропаѓаат и сите надежи дека Неда ќе го дочека на свадбата на својот син и дека тој ќе ја продолжи семејната лоза.
      Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели – пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност – носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.Овде во ова деле гегите се прикажани како добрилуге но сепак лоѓото во нив како геги било тоа сто убивале.

     По V вековната окупација и војните ко се воделе се воделе на териториие  на македеонија, највеке страдал народот. Затоа некои храбр луѓуге, војсководци кои не и бил битен нивниот живот туку сакале да ја заштитат земјата (татковината) од неправда, биле многу ретки еден од тие војсководци (храбри луѓе) е и сердарот Кузман.

Monday, October 9, 2017

илијада хиомер




                                                               Илијада - хомер 

  Ова лектирно дело е напишано од хоммет во 12и 13 век пред нашата ера.Во десетата година на Тројаската војна избувнала караница меѓу Ахил и Агамемнон, кога аполоновиот свештеник Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот ја заробил Агамемнон по освојувањето на градот Теба од страна на Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот Аполон налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го умилостиви Аполон, Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и не сакал да се бори против Тројанците. Разжалостен седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата Тетида да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила Зевс да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле Менелај и Парис каде што победил Менелај, но божицата Афродита го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле Ајант и Хектор. Хектор бил ранет, но богот Аполон бргу го излечил.Боговите на Oлимп се поделиле на два табора. Тетида и Зевс останале заштитници на Тројанците, а Хера и Атина - заштитници на Ахајците (Грците). Додека налутениот Ахил не се борел, многу јунаци од двете страни успеале да ја покажат својата храброст и борбени вештини: Агамемнон, Менелај, Диомед, Одисеј, Идоменај и други. Меѓу Тројанците како најсилен се покажал „вртишлем“ Хектор, Ајнеј, ликискиот цар Сарпедон и многу други. Кога бројот на убиените станал многу голем, двете страни склучиле примирје за да ги спалат загинатите. По примирјето борбата продолжила со уште поголема жестокост и според волјата на Зевс победиле Тројанците. Поразените Ахајци побегнале на своите кораби, гонети од Хектор, кој ликувал поради успехот. Ноќта го прекинал гонењето, а Тројанците радосни, цела ноќ палеле огнови и им принесувале жртви на боговите.
Во грчкиот логор Агамемнон не можел да се смири поради поразот, па затоа се согласил да ги испратат најдобрите грчки јунаци војник, Ајант и Одисеј кај Ахил и да го замолат да престане со гневот за да се врати на бојното поле. Ахил не се согласил и ги одбил даровите што му ги испратил Агамемнон и им рекол дека има намера да се врати назад во родната земја. Откако во борбите биле ранети Диомед, Одисеј и Еврипил, мудриот јунак Нестор го наговорил Патрокле, најдобриот пријател и побратим на Ахил, да појде кај својот пријател и да го замоли да престане да се лути, а ако не успее, да се облече како Ахил и да прифати двобој. Патрокле се согласил, а штом го виделе Тројанците, мислејќи дека е Ахил, се исплашиле и се повлекле од бојното поле. Патрокле успеал да ги потисне Тројанците и го убил Сарпедон. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислејќи дека е Ахил. По смртта на Патрокле се сменила воената среќа на Ахајците и Тројанците.
Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател, решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон. Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со Ехеј, кого од сигурна смрт го спасил богот Посејдон. Ахајците биле надмоќни и Пријам наредил Тројанците од бојното поле пред ѕидиштата на Троја да се повлечат во градот. Војската се повлекла, единствено храбриот Хектор останал, а кон него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, зашто не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие. Му ја соблекол облеката, го врзал за својата кола за нозете, а главата му ја оставил да се влече по земја. Откако неколку пати обиколил околу Троја за да видат Тројанците дека нивниот најголем јунак е мртов, Ахил телото го довлечкал до ахајските кораби.
Цела Троја ја обзел ужас од смртта на Хектор. Мајка му тажела гласно и си ги кубела белите коси. Плачот бил толку голем како Троја да се урива во пожар. Во тоа време Ахил наредил да му се подготви свечен закоп на Патрокле. Несреќниот Пријам, таткото на Хектор, со богати дарови дошол во грчкиот логор со цел да го откупи мртвото тело на синот. Потресен од плачењето и молбите на Пријам, Ахил му го дал телото на убиениот Хектор, кого Тројанците го пречекале со плачење. Епопејата завршува со свечениот закоп на Хектор, кого го спалуваат на клада.

Monday, February 27, 2017

времеплов



                                                                Времеплов




   Ова  е една  од најубавите лектирни дела за осмо одделение. Во неа се работи за еден научник Времепловец кој со својата временска машина почнува да патува низ времето. Тој отишол во 802701 -та година каде што се запознал со Елоите и Морлоците.  
  Елоитее се едни мали суштества кои се глупави, незаинтересирани, смотани но сепак тие се дружељубиви, а нивна основна храна било овошјето. Но од друга страна тука се Морлоците кои се паметни, брзи, снаодливи, но нивна лоша страна е дека се месојадци поточно се хранеле со Елоите .  
  Тука во овие 12 глави се сретнуваат многу различни ликови со различни карактери. Најзастапени се Времепловецот, Морлоците,Елоите и Вина. Вина  е едена од Елоите. Таа како и сите други е наивна, глупава, неснаодлива. Но таа му е добра пријателка на  Времепловецот и ке му помогне во потрагата по украдената временска машина.
  Кога ќе избие големиот пожар Времепловецот  ке ја загуби својата пријателка Вина ама тој ке се врати жив и здрав. Но тој нема да ја заборави Вина и ке ги понесе со себе розите што му ги падарила таа. По враќањето Времепловецот ќе замине на уште едно 3 годишно патување.
Иако на почетокот на книгата Времепловецот го раскажал своето временско патување на пријателите а тие не му верувале, на крајот еден од нив ке се увери во вистинитоста на неговите зборови и ќе го чека да се врати од неговото ново патување.