Sunday, October 15, 2017

Сердарот-Глигор Прличев

    


                                                             Сердарот



 ,,Сердарот’’ е поема напишана од Глигор Прличев. Во  „Сердарот“ се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век во западна Македонија, односно  регионот помеѓу Галичник, Река  и селото Стан.
     Кузман е загинат уште на почетокот на поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањето на другите ликови, ретроспективно преку навраќања. Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите . Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта на девојката Марија со која сакал да го мине остатокот од животот и да основа семејство, но секако неговата смрт не го дозволила тоа. Кузман е сердарот на Река. Тој е јунакот кој се борел со разбојничките банди кои ја напаѓале Река.Тој е горд што е син на сердар.Cо тоа ги мотивира своите соборци за тоа како треба да се борат. Кузман е последниот заштитник на Река пред наездата на Албанците и спремен е на се само за да ја изврши својата задача. Го сака својот народ и спремен е да го даде својот живот. Во битките ја покажал својата храброст.Тој бил силен и горд, тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу половина, меч кој го сонувал додека бил дете, меч со кој победувал во битките. Иако знаел дека четата му е малубројна тоа не го спречило да го даде максимумот од себе. Величественоста на оваа поема е тоа што од устата на непријателот - Арнаутите ја дознаваме вистината за смртта и тие се оние кои доблесно и искрено се поклонуваат првин пред Кузман, а потоа и пред неговата мајка Неда ѝ ја признаваат големата загуба што ја снашло и сите останати со смртта на нивниот Сердар.Секако секој цовек има нешто сто за другите е лошо, според мене тоа е што тој убивал лиѓе геги кој навистина биле невини.
      Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра – гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата – да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка. Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит. Тажачката на Неда го прикажува Кузман од сосема поинаков аспект. Најпрвин е прикажано капењето на мртовецот и тоа како еден вид ритуал, а потоа Неда раскажува за судбината на Кузмановото семејство која се повторува со од колено на колено. Кузман ја има истата судбина како и својот татко, кој убиен од непријателот го остава својот син сирак уште многу мал, така што сè што Кузман знае за својот татко е од раскажувањето на неговата мајка. Затоа, ги заменува детските игри со сабјата и со мечовите барајќи одмазда. Штом пораснал, заминал да го брани својот народ и да го замени татко си кој исто така бил сердар. Неда го оплакува сина си кој не дочекал да ја доживее семејната среќа со својата свршеница, а со то пропаѓаат и сите надежи дека Неда ќе го дочека на свадбата на својот син и дека тој ќе ја продолжи семејната лоза.
      Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели – пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност – носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.Овде во ова деле гегите се прикажани како добрилуге но сепак лоѓото во нив како геги било тоа сто убивале.

     По V вековната окупација и војните ко се воделе се воделе на териториие  на македеонија, највеке страдал народот. Затоа некои храбр луѓуге, војсководци кои не и бил битен нивниот живот туку сакале да ја заштитат земјата (татковината) од неправда, биле многу ретки еден од тие војсководци (храбри луѓе) е и сердарот Кузман.

No comments:

Post a Comment