Мартин Лутер
Кинг рекол дека секое време е најдоброто време за да се направат вистинските
работи.Јас апсолутно се соглсувам со тоа а воедно тоа е и девизата на мојот
живот.Секое време од историјата на човекот има свои предности а и свои
последици. Крајот на XIX и
почетокот на XX век бил период на развој на индустријата и акцентот бил ставен
на развојот на многу индустрии: тешката, автомобилската и т.н.Крајот на XX век доаѓа до развој на информатичката технологија,
а 21 век е век на информациите.Благодарение на информатичката технологија ние
денес доаѓаме до информации многу лесно.
Но новата технологија
едноставно е примамлива за нас децата од најразлична возраст.Не се секогаш само
компјутерските игри се во прашање, chat-овите, или пак долгите телефонски разговори. Новата
технологија е таа која ни овозмозува да дознаеме нови информации во секое
време, ни овозмозува да бидеме неколку чекори пред нашите врсници во времето на
нашите родители.Потоа тука се познанствата со деца од други држави, поделбата
на нашите искуства со искуствата на децата од останатиот дел од светот.
Свесноста на децата за спортот исто
така сега е многу поголема, се повеќе деца се членови на разновидни спортски
клубови. Дури може да се каже дека и интернетот и телевизијата имаат голем удел
во тоа.Ние како деце секогас сакаме да се поистоветуваме со нашите идоли кои
сме ги гледале на телевизија или пак на youtube. Сега секое дете може да се пронајде во било кој спорт за
разлика од порано кога децата имале помалку информации за тоа кои се спортови
ги има во светот.
Тука сакам да ја вклучам и науката.
Откритијата се побрзо се шират преку интернетот и се достапни до сите деца во
било кој дел од денот.Дури има и видеа на интернет како да се направи некој
експеримент или пак од каде да се набави некоја состојка која ни треба а ја
нема во нашата држава.
Како поминуваат времинјата доага до подобири
и понови поинтереснии работи, повеќе сознанија и до се поголеми откритија.Многу е битно да сите ние бидеме свесни и
благодарни за времето во кое што живееме
No comments:
Post a Comment